• вторник, 03 декември 2024

Трипуновски-Јовановиќ: Големи можности за интензивирање на размената на земјоделски производи со Србија

Трипуновски-Јовановиќ: Големи можности за интензивирање на размената на земјоделски производи со Србија

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска во просториите на Министерството оствари работна средба со амбасадорката на Република Србија во земјава, Невена Јовановиќ.

На средбата, како што се наведува во соопштението, биле потенцирани одличните односи во областа на земјоделството при што и двете страни изразиле подготвеност за понатамошна соработка.

-Со понатамошната соработка помеѓу двете земји се отвараат големи можности за интензивирање на размената на земјоделски производи, Република Србија е долгогодишен партнер на Република Македонија и добрата соработка ќе продолжи и во иднина, потенцирал Трипуновски. вг/

Фото: МЗШВ Трипуновски

Остани поврзан