Трибина „Осамени и ние и тие (како се започна)“ по повод Меѓународниот ден на толеранцијата
- Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа годинава по деветти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на толеранција - 16 Ноември, со настан под слоганот „Осамени и ние и тие (како се започна)“, koj ја третира осаменоста на повеќе категории граѓани.
Скопје, 18 ноември 2025 (МИА) - Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа годинава по деветти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на толеранција - 16 Ноември, со настан под слоганот „Осамени и ние и тие (како се започна)“, koj ја третира осаменоста на повеќе категории граѓани.
Трибината ќе се одржи во Кинотеката во 18:30 часот. Настанот ќе го отвори претседателката на клубот, Гена Теодосиевска, по што ќе следува проекцијата на краткиот игран филм „Обичната Ели“ на режисерката Лавинија Софрониевска. Со свои искажувања учество ќе земат: Лаура Салиу, претставник на социјалниот сервис Итно копче при Црвен крст на град Скопје, Елеонора Андонова, социјален работник при Црвен крст на град Скопје, Ивона Ѓорѓиева, психолог од Црвен крст на град Скопје, Тиана Ивановска, психолог од центарот Себесложувалка и Игор Џамбазов, актер. вг/
Фото: ЛОГО