Трибина „Од тишина до глас“ за поддршка на родителите на деца со попреченост во Пехчево
- Во организација на Општина Пехчево и Здружението за личен развој, едукација и психолошка поддршка „Гласот од тишината“ од Скопје вечерва во Домот на култура „Јане Сандански“ во Пехчево се одржа трибина „Од тишина до глас“. На трибината учество зедоа клиничкиот психолог Амела Мемиш - Апостоловска и Жанет Маркушова, дипломатски член и сопруга на амбасадорот на Република Словачка во Скопје. Целта на трибината како што истакна Мемиш Апостоловска има за цел да се слушне гласот на децата со попреченост и нивните семејства.

Пехчево, 24 јуни 2025 (МИА) - Во организација на Општина Пехчево и Здружението за личен развој, едукација и психолошка поддршка „Гласот од тишината“ од Скопје вечерва во Домот на култура „Јане Сандански“ во Пехчево се одржа трибина „Од тишина до глас“. На трибината учество зедоа клиничкиот психолог Амела Мемиш Апостоловска и Жанет Маркушова, дипломатски член и сопруга на амбасадорот на Република Словачка во Скопје. Целта на трибината како што истакна Мемиш Апостоловска има за цел да се слушне гласот на децата со попреченост и нивните семејства.
-Пред оваа работилница потпишавме меморандум со градоначалникот Китански кој ги отвора вратите за соработка за оние родители чии гласови не се слушнати оние кои не ја прифаќаат дијагнозата на своите деца, а се видливи од страна на наставниот кадар. Вечерва ја покреваме јавната свест да се пушти гласот во таа тишина во која се затаени родителите на децата со попреченост, не само во главниот град туку и надвор воопштини како денеска во Пехчево. Се надевам дека ќе допре до многумина и многумина ќе земат пример за понатаму да не следат и да ја поддржат таа иницијатива затоа што ја правиме хуманитарно и на доброволна основа, истакна Мемиш Апостоловска.
Инклузијата, според клиничкиот психолог, е сите кога имаат своја припадност и вредност, а вистинска инклузија според неа значи кога детето не се плаши да биде прифатено.
-Јас имам дете со аутизам и знам дека детето не е прифатено и дека е премногу за ова општество. Често знаеме да ја префрламе вината системот е виновен а кој е системот, системот сме ние. Не можеме да очекуваме државата или системот да се заложи кога родителот ја одбива дијагнозата, додаде Мемиш Апостоловска.
Претставникот на словачката амбасада, Жанет Маркушова најави понатамошна поддршка на оваа мисија.
-На оваа трибина не зборуваме само за предизвиците, туку за надеж, за сојуз, за заедништво кое не познава граници. Јас со отворено срце и искрена намера верувам дека преку секоја подадена рака, преку секој слушнат глас и преку секое дете кое ќе биде прифатено светот станува посебно место, рече Маркушова.
Обраќање на трибината имаше и градоначалникот на Пехчево, Александар Китански кој се заблагодари на сите присутни како и сопругата на словачкиот амбасадор г-ѓа Маркушова која според него покажала дека дипломатијата не е само во амбасадата, туку е на терен со реализирање на овие мисии со помагање на децата со попреченост. вс/лв/
фото: МИА