• понеделник, 13 мај 2024

Трет пораз на македонските фудбалерки во Лигата на нации

Трет пораз на македонските фудбалерки во Лигата на нации

Приштина, 31 октомври 2023 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација ја продолжи серијата порази во новоформираната Лига на нации, откако вечерва загуби на гостински терен од Косово со 3-1 (3-0).

Македонските фудбалерки веќе по почетните 15 минути на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина се најдоа во резултатски незавидна положба, откако  косовската репрезентација поведе со 2-0 со головите на Халилај (7 минута, пенал) и Мемети (14).

До крајот на полувремето домашните фудбалерки ја зголемија предноста преку Бичкај (34).

Почесниот гол за македонската репрезентација го постигна Оливера Цоклеска во 90. минута. 

Во двата воведни натпревари во рамки на групата 5 во Ц-дивизијата, избраничките на селекторот Кирил Изов претрпеа порази на домашен терен од Бугарија (0-1) и Косово (0-2) и без освоен бод се на последното место.

Во завршното коло македонските фудбалерки ќе ѝ гостуваат во Бугарија на 5 декември во Пловдив. ег/вј/ 

Фото: ФФМ

Остани поврзан