• среда, 17 јули 2024

Трет пораз за ТФТ во АБА-2 лигата

Трет пораз за ТФТ во АБА-2 лигата
Сараево, 22 ноември 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ не успеа да ја забележи првата победа ниту во третиот свој настап во регионалната АБА-2 лига оваа сезона. Подобри од ТФТ синоќа во Сараево беа кошаркарите на Златибор со резултат 90:76. Во победничкиот тим се истакнаа Ѓуран со 22, Тадиќ со 20 и Протиќ со 19 поени. Костовски со 12 и Ташовски со 11 беа единствените со двоцифрен ефект во тимот од Тафталиџе. Следен противник на ТФТ ќе биде Крка утре, за кога е закажан и натпреварот на вториот македонски претставник во АБА-2, Пелистер против Широки Брег. зс/

Остани поврзан