Трет меѓународен хематолошки конгрес во Скопје
- Конгресот на едно место ќе ги собере водечките експерти од областа на хематологијата кои ќе ги презентираат најновите случувања во областа и ќе зборуваат за практичната примена на достигнувањата во лекувањето на пациентите со хематолошки заболувања.
Скопје, 12 септември 2023 (МИА) - Во хотелот Хилтон ДаблТри во Скопје, во организација на Здружението за хематологија, од денеска до 14 септември ќе се одржи Третиот меѓународен хематолошки конгрес
Како што информираат од здружението, конгресот на едно место ќе ги собере водечките експерти од областа на хематологијата кои ќе ги презентираат најновите случувања во областа и ќе зборуваат за практичната примена на достигнувањата во лекувањето на пациентите со хематолошки заболувања.
Конгресот ќе биде отворен во 14 часот, а е најавено присуство на министрите за здравство и за образование и наука.љм/са/
Фото: МИА архива