• среда, 24 јули 2024

Трето издание на Самитот РЕДИ: Инклузија на Ромите во зелени и дигитални иновации и еднаквост во управување со животната средина

Трето издание на Самитот РЕДИ: Инклузија на Ромите во зелени и дигитални иновации и еднаквост во управување со животната средина

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - На тема „Инклузија на Ромите во зелени и дигитални иновации и еднаквост во управување со животната средина” во Скопје денеска се одржува третото традиционално издание на Самитот РЕДИ.

-И покрај историската маргинализација и дискриминација, ромските претприемачи покажаа издржливост и генијалност во искористувањето на можностите што ги нудат овие трансформативни движења, играјќи клучна улога во поттикнувањето на одржливиот развој, велат организаторите на настанот.

Петрика Дулгеру, извршен директор на мрежата РЕДИ, даде краток осврт на досегашните резултати на РЕДИ мрежата. Тој исто така ја поздрави посетеноста на самитот и заинтересираноста за темите што беа опфатени со настанот. 

Вицепремиерот во техничката Влада, Фатмир Битиќи ја нагласи посветеноста на Владата за поддршка на иницијативи што промовираат инклузивен раст и дигитално зајакнување, нагласувајќи ја важноста за искористување на технологијата и иновациите со цел создавање можности за сите.

-Треба да ги кршиме бариерите и да ги прифатиме различностите, подвлече Битиќи на Самитот.

Ѓоко Велковски, технички министер за труд и социјална политика, ги истакна напорите на Владата за справување со социјалните нееднаквости и промовирање на економската вклученост на ромските заедници. бд/ев/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан