• недела, 22 декември 2024

Тренчевска: Работниците остануваат на прво место, а безбедноста и здравјето при работа се број еден приоритет при креирањето политики

Тренчевска: Работниците остануваат на прво место, а безбедноста и здравјето при работа се број еден приоритет при креирањето политики

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја отвори меѓународната тридневна конференција „Безбедност и здравје при работа без граници“, организирана од страна на 10 невладини експертски организации од седум земји од Балканот и Министерството за труд и социјална политика во Република Северна Македонија.

Тренчевска во своето обраќање посочи дека конференцијата „БЗР без граници“ е значајна не само по својата содржина туку и по составот на учесници. Таа го истакна меѓународниот карактер на конференцијата посочувајќи дека со размената на искуства секој во својата земја ќе може да го искористи она кое што смета дека ќе придонесе при Безбедноста и здравјето при работа на граѓаните.

-Она што според мене е особено значајно е темата на оваа конференција - странските работници, гледани низ призмата на безбедноста и здравјето при работа. Секоја од земјите од регионот се погласно периодот говори за демографските процеси, за миграциите и за недостатокот на работна сила која е клучна за придвижување и стабилност на економијата. И токму странските работници се наметнуваат како сегмент кој ни недостига и кој може да допринесе многу во секоја од нашите земји, истакна Тренчевска.

Таа посочи дека конференција од ваков формат може да придонесе во креирање на стандарди за Безбедност и здравје при работа на странските работници како една од најзначајните компоненти кои влијаат врз концептот на пристојна работа.

Министерката посака успешна работа на присутните која ќе придонесе, како што рече, за унапредување на праксите во делот на Безбедност и здравје при работа кај сите земји учеснички. мч/аа/

Фото: МТСП

Остани поврзан