• понеделник, 04 март 2024

Тренчевска: Психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство во првите шест месеци од годинава

Тренчевска: Психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство во првите шест месеци од годинава

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - Во 2023 година од јануари до јуни имало вкупно 712 новоевидентирани жртви, а  психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство. Правна помош и застапување добиле 385 жртви. Парични права од социјална заштита добиле 47 жртви, информираше денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

- Вкупниот број на поднесени кривични пријави од страна на центрите за социјална работа против сторител на семејно насилство за непочитување на судска одлука за изречена привремена мерка за заштита, е 38. Од центар за социјална работа до суд - 798 привремени мерки за заштита, изречени привремени мерки за заштита од страна на граѓански суд - 649, поосчи Тренчевска.

Таа потсети дека воспоставени се 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени жртви на семејно насилство и родово базирано насилство во шест плански региони - шелтер центри, осум советувалишта за жртви на семејно насилство, осум советувалишта за сторители на насилство.

Министерката денеска се обрати на настанот во рамки на кампањата „Сложувалка“ под името „Дискриминацијата, економската зависност и недовербата - корен на родово базираното насилство“ во организација на Министерството за труд и социјална политика и канцелариите на УНФПА во Република Северна Македонија со поддршката на Британската амбасада во РСМ. 

Настанот се одржува во холот на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари. бд/са/


Фото: МИА

Остани поврзан