• среда, 26 јуни 2024

Тренчевска: Заедно со граѓанскиот сектор ги унапредуваме правата на маргинализираните групи

Тренчевска: Заедно со граѓанскиот сектор ги унапредуваме правата на маргинализираните групи
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска потпиша меморандум за соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА во делот на спроведување на активности коишто се од заеднички интерес во унапредување на вработеноста и вработливоста на Ромките како маргинализирана група граѓанки. Целта на меморандумот е да се воспостави одржлива соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика и ХЕРА со што ќе се унапреди Националниот оперативен план за вработување со потребите и капацитетите на целната група. Тренчевска, како што соопшти Министерството, посочила дека зајакнувањето на капацитетите на стручните служби и административните работници се исто така вклучени во програмите за вработување за работа со Роми. - Преку заеднички заложби ќе дизајнираме специфични мерки за вработување на Ромки и адаптирање на постоечките мерки во Оперативниот план за вработување во согласност со потребите и капацитетите на целната група во соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Исто така ќе обезбедиме финансиски средства од Буџетот на РСМ и меѓународни донатори за успешна имплементација на мерките,  истакнала Тренчевска. бак/бк/

Остани поврзан