• петок, 20 декември 2024

Тренчевска: Заедно можеме да овозможиме потешко вработливите лица да бидат поконкурентни на пазарот на труд

Тренчевска: Заедно можеме да овозможиме потешко вработливите лица да бидат поконкурентни на пазарот на труд

Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставниците Петрица Дулгеру, извршен директор на мрежата РЕДИ, Кристина Маријан, директорка за партнерства во РЕДИ, Асиб Зекир, директор на РЕДИ за рециклирање и зелени иницијативи и независниот експерт, Мила Царовска.

Како што соопштија од МТСП, минатогодишните достигнувања како резултат на соработката на Министерството за труд и социјална политика и РЕДИ, биле во фокусот на разговорите на средбата.

Во текот на 2021 и 2022 година беше спроведена Програмата за Дигитализација и формализација. Спроведени се и обуки со цел 50 бизниси раководени од Роми да се трансформираат од традиционален бизнис во дигитален бизнис.

Министерката Тренчевска за време на средбата истакнала дека потребно е ранливите категории на граѓани особено на невработените да им се овозможат услови за преквалификација и полесно вклучување на пазарот на трудот.

- Состанокот беше затворен со потврдување на заложбите за нови зелени работни места како и потребата од зелена економија. Присутните се согласија дека токму лицата кои имаат помали шанси за вработување треба да бидат дел од зелената агенда на Владата на Република Северна Македонија, како и на Здруженијата кои се занимаваат со ова прашање во државата, се наведува во соопштението од МТСП. цр/аа/

 

 

 
 

Остани поврзан