Тренерот на Ибица за голот на Барса во 95. минута: Катастрофа
- Тренерот на Ибица, Пабло Алфаро, ги пренесе емоциите од натпреварот против Барселона во шеснаесетина финалето од Купот на Шпанија.

Ибица, 23 јануари 2020 (МИА) – Тренерот на Ибица, Пабло Алфаро, ги пренесе емоциите од натпреварот против Барселона во шеснаесетина финалето од Купот на Шпанија.
- Горд сум на моите играчи, но ова е катастрофа. Изгубивме на најсуров начин. Покажавме дека нашиот тим има душа, направивме огромен чекор напред, невозможно беше да се побара повеќе. Сега треба да се честита на Барселона и да им се посака далеку да стигнат на турнирот, изјави Алфаро.