• вторник, 27 февруари 2024

Тренерот на Вулверхемптон од поддржувач стана противник на ВАР: Штетен е

Тренерот на Вулверхемптон од поддржувач стана противник на ВАР: Штетен е

Лондон, 28 ноември 2023 (МИА) – Отсекогаш бев за воведување на ВАР технологијата, но сега сум против, бидејќи ни донесе големи проблеми во Премиер лигата, изјави тренерот на фудбалерите на Вулверхемптон, Гери О Нил, по вчерашниот пораз на неговиот клуб од Фулам (2-3).

Два од трите голови Фулам ги постигна од контроверзни пенали, а до победата дојде со погодок во 94 минута.

„Вакви работи не му се случуваат прв пат сезонава на мојот тим. Сите случувања против Фулам конечно ме свртија против ВАР технологијата. Не го поддржувам повеќе тоа. Бев уверен на почетокот дека ВАР ќе му помогне на фудбалот, но од натпревар во натпревар станував сè по убеден во спротивното“, рече тренерот на Вулверхемптон.

Неговиот тим по 13 одиграни кола во Премиер лигата е на 12 место со 15 бодови. ег/сд/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан