• четврток, 19 декември 2024

Трајче Стојчевски е нов претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Трајче Стојчевски е нов претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Скопје, 1 септември 2024

 

Денеска, на 26-тата изборна конференција, едногласно од страната на младите социјалдемократи за нов претседател на СДММ – Социјалдемократската младина на Македонија е избран Трајче Стојчевски.

 

Во обраќањето пред младите Стојчевски се заблагодари на довербата и порача дека одговорно и  посветено ќе работи за обединување на прогресивните млади луѓе, унапредување на социјалдемократијата и враќање на СДММ на победничките патеки.

 


-Обединети во нашата заедничка визија за праведно и правично општество, со еднакви можности, големи можности за младите, за подобро утре, за посветла иднина. Ние сме прогресивна младина, втемелена во верувањето дека светот може и мора да биде подобро место за сите. Нашата идеологија не е збирка на апстрактни верувања туку реалност, таа е моќна сила која ги води нашите постапки, нашите одлуки и нашата визија за иднината.

 

Токму тоа е нашата водилка : Силна младина, незапирлива иднина. Предизвиците со кои се соочуваме се големи, но огромна е нашата решителност. , рече Стојчевски.

 

Ново избраниот претседател на СДММ додаде дека социјалдемократите нема да дозволат никој да биде замолчен.

-Ние сме генерација која одбива да биде замолчена. Нашата посветеност за социјалната правда, солидарност, праведност, еднаквост и слобода за сите не е само минливо чувство, тоа е самиот темел на нашиот социјалдемократски идентитет. Ние се бориме за едно општество за сите, без разлика на родот, етничката припадност, религијата, сексуалната ориентација, попреченоста, социјалното потекло или економскиот статус. Ние сме носители на идеологијата која се стреми да ги подигне маргинализираните, се бориме против елиминација на сите форми на дискриминација, да обезбедиме секој поединец да има можност да го достигне својот целосен потенцијал. Приоритет ни е родовата еднаквост. Веруваме во солидарна заедница, во која секој дава се од себе и секој помага секому. Токму затоа јавните услуги, образованието, здравството и правдата мора да бидат квалитетни и достапни за сите без исклучок, рече Стојчевски.

 


Власта по само неколку месеци го покажа своето вистинско лице, ветуваа блескава иднина, а веднаш ги погазија дадените ветувања, ја предадоа довербата на граѓаните, кажа Стојчевски, зборувајќи  за катастрофалниот почеток на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.

 


Стојчевски потекнува од локалниот клуб на СДММ Штип, досега ги има поминато сите скалила во младината, бил член на Извршниот одбор на локалниот клуб, потоа Претседател а досега ја извршуваше и функцијата Потпретседател на СДММ.

 


Центар за комуникации со јавноста на СДСМ  

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: СДСМ 

 

Остани поврзан