• четврток, 26 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трајков: Поголема искористеност на ЕУ фондовите за подобар живот на граѓаните

Трајков: Поголема искористеност на ЕУ фондовите за подобар живот на граѓаните

Скопје, 1 април 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, соопштија од Министерството.

На средбата се разговарало за потребите и капацитетите на општината за искористување на средствата од европските фондови во реализација на проекти од интерес за граѓаните. 

-При тоа, заменик-министерката за европски прашања Трајков беше информирана од градоначалникот Колев за степенот на искористеност на овие фондови. Со цел рационално менаџирање на европските фондови, заменик-министерката за европски прашања Трајков ја потенцираше подготвеноста на министерството да помогне во делот на дообучување на кадарот како и помош при аплицирањето на истите а се со цел поголема искористеност на средствата од ИПА и ИПАРД програмите, се вели во соопштението.  

Градоначалникот на Велес, Колев, на средбата ги презентирал проектите поддржани од ЕУ, со особен  акцент на реализираната изградба и уредување на кејот на десната страна од реката Вардар во Велес, како дел од проектот "Креативни можности во туризмот" со поддршка на ЕУ, во рамките на прекугранична соработка на нашата држава со Грција чија цел е развој на локалната економија. 

-Истакнувајќи дека по 20 години велешани добија модерно уреден кеј, градоначалникот на Велес, Колев ја посочи важноста на поддршката на ЕУ во реализацијата на проектите со кои се подобрува животот на граѓаните, во што, како што кажа, се надева на поддршката и на Министерството за европски прашања во реализацијата на инфраструктурните проекти за велешани, велат од Министерството. 

На средбата биле прецизирани и конкретни чекори во насока на подобрување на капацитетите на општината за поголемо искористување на средствата од европските фондови кои се на располагање. сст/мд/

Фото Министерство за европски прашања 

Остани поврзан