• понеделник, 23 декември 2024

Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала

Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала

 

Истанбул, 10 февруари 2024 (МИА) – Македонскиот атлетичар во скок во далечина Андреас Трајковски го освои денеска сребрениот медал на Балканското сениорско првенство во сала во Истанбул, постигнувајќи нов државен рекорд.

Трајковски прескокна 7.79 метри што на крајот беше за два сантиметри зад остварувањето на победникот Лука Чурковиќ (7.81 метри) од Хрватска.

Бронзениот медал го освои Бугаринот Божидар сарабуков со прескокнати 7.74 метри.

Својот следен настап на меѓународната сцена Трајковски ќе го има веќе во вторник кога ќе настапи на атлетски митинг во сала во Белград. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан