• вторник, 05 ноември 2024

Трајковски: ДПИ издаде две решенија за затворање на маркети

Трајковски: ДПИ издаде две решенија за затворање на маркети

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Од страна на Пазарниот инспекторат издадени се две решенија за затворање на маркети, информира директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски на својот Фејсбук профил и најавува дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо.

-Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите), вели Трајковски.

Директорот на ДПИ во својата објава на Фејсбук порачува дека никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите. вј/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан