Трамп: Турција е добра земја и нејзиниот лидер е добар
- Претседателот на САД, Доналд Трамп ја пофали Турција и нејзиниот претседател Реџеп Тајип Ердоган на средбата со амбасадорите во Белата куќа, јави турската телевизија ТРТ Хабер

Вашингтон, 26 март 2025 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп ја пофали Турција и нејзиниот претседател Реџеп Тајип Ердоган на средбата со амбасадорите во Белата куќа, јави турската телевизија ТРТ Хабер.
Трамп имаше средба со повеќе амбасадорите, меѓу кои и Том Барак, кој ќе биде амбасадор во Турција.
Барак изрази задоволство од работата на Трамп и му се заблагодари, а за Турција истакна дека е „една од најдревните цивилизации“.
- Тоа е добра земја, нејзиниот лидер исто така е добар, му одговори Трамп на Барак. ми/
фото: ЕПА