• недела, 22 декември 2024

Трамп се закани дека ако победи ќе го отпушти обвинителот што води истрага против него

Трамп се закани дека ако победи ќе го отпушти обвинителот што води истрага против него

Вашингтон, 24 октомври 2024 (МИА) – Претседателскиот кандидат на републиканците Доналд Трамп денеска изјави дека доколку биде избран за претседател, ќе го отпушти федералниот обвинител кој истражува дали се обидел да го поништи изборниот пораз во 2020 година.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговарајќи на прашање дали ќе се помилува себеси или ќе го отпушти специјалниот обвинител Џек Смит дека „тоа е многу едноставно“.

- Би го отпуштил во рок од две секунди. И не, не мислам дека ќе бидат отповикан ако го отпуштам Џек Смит, рече тој.

Трамп ова го изјави во интервју со конзервативниот водител на подкаст Хју Хјуит.

Смит го води кривичното дело во кое Трамп е обвинет за изборна субверзија на изборите во 2020 година, на кои победи демократот Џо Бајден, актуелниот американски претседател. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан