• четврток, 18 декември 2025

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

Вашингтон, 16 мај 2025 (МИА) – Додека во Истанбул се одржуваат средби за ставање крај на војната во Украина се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп.

- Време е едноставно да го направиме тоа. Ќе го завршиме, истакна Трамп.

Тој додаде дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро.

Трамп вчера изјави дека значителен напредок во преговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.

Во палатата Долмабахче во Истанбул почна трилатерален состанок помеѓу делегациите на САД, Украина и Турција.

Пратеникот на Доналд Трамп во Украина, генерал Кит Келог, седи до американскиот државен секретар Марко Рубио.

На средбата учествуваат американскиот државен секретар Марко Рубио и пратеникот на Трамп за Украина, генерал Кит Келог, украинската делегација е предводена од министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак.

Домаќин на состанокот е шефот на турската дипломатија Хакан Фидан. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан