• петок, 22 ноември 2024

Трамп: Сакав да го елиминирам Асад, но не ми дозволи Матис

Трамп: Сакав да го елиминирам Асад, но не ми дозволи Матис
Вашингтон, 16 септември 2020 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сакал да го „елиминира“ сирискиот претседател Башар ал Асад во 2017 година, но тогашниот секретар за одбрана Џејмс Матис се спротиставил на операцијата. - Бев повеќе за тоа да се отстрани. Се беше подготвено за тоа. Матис не сакаше да го направи тоа. Матис беше многу преценет генерал и го пуштив да замине, истакна Трамп за телевизијата „Фокс њуз“. Трамп истакна дека Матис бил „лош лидер“. - Беше грозен кон мене, беше грозен генерал, посочи Трамп. Тој исто така го обвини пензионираниот генерал дека не успеал да ја победи Исламска држава во Ирак и во Сирија. - Се отарасив од ИСИС кога тој замина. Направив сјајна работа во врска со ИСИС, 100 отсто се отарасив од калифатот, посочи Трамп. Матис поднесе оставка од функијата во 2018 година. ми/

Тагови

Остани поврзан