Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
- Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека имал разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Вашингтон, 22 април 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека имал разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Разговорот, според Трамп, се однесувал на повеќе теми, меѓу кои Иран и трговијата.
„Разговорот мина одлично. Се согласуваме по сите прашања“, истакна Трамп. ссм/
фото: ЕПА