• петок, 22 ноември 2024

Трамп не се чувствува виновен

Трамп не се чувствува виновен

Вашингтон, 13 јуни 2023 (МИА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска пред судот во судот во Мајами се изјасни дека не е виновен по 37 обвиненија.

На рочиштето беа забранети камери и пренесување во живо.

Трамп кога пристигна пред Судот за да се соочи со федералните обвиненија, беше официјално уапсен.

Тој е обвинет за незаконско задржување доверливи документи и за лажење на службениците кои се обиделе да ги вратат, но Трамп тврди дека е невин и вети дека ќе ја продолжи кампањата за изборите во ноември 2024 година.

Трамп е првиот поранешен или актуелен претседател на САД, кој се соочува со кривични пријави.

Но, според правните експерти тоа не го спречува да се кандидира или да ја преземе функцијата претседател дури и ако биде прогласен за виновен.

Обвинет е и поранешниот помошник на Трамп, Волт Наута. Според обвинението, Наута, заедно со својот шеф, пред и по претресот на Мар-аЛаго преместувал и криел кутии со доверливи информации. Тој беше обвинет и за давање лажни и погрешни изјави на ФБИ.

Трамп беше уапсен и на почетокот на април годинава во суд во Њујорк, во случај на измама поврзана со пари исплатени на порно ѕвезда во 2016 година. Тој е обвинет дека ги прекршил правилата за финансирање на кампањата бидејќи наводно и платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс за да молчи за нивната врска, пред претседателските избори на кои ја победи демократката Хилари Клинтон. ми/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан