Традиоционален Саем на мед од 9 до 11 октомври во Штип
- Во Штип д 9 до 11 октомври на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип ќе се одржи есенски Саем на мед. Горан Милевски претседател на Здружението „Пчелар 2014“ - Штип вели дека на саемот производителите на штандови ќе понудат мед, пчелни производи, како и опрема.
Штип, 7 октомври 2025 (МИА) - Во Штип д 9 до 11 октомври на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип ќе се одржи есенски Саем на мед. Горан Милевски претседател на Здружението „Пчелар 2014“ - Штип вели дека на саемот производителите на штандови ќе понудат мед, пчелни производи, како и опрема.
Г-одинава интересот за пријавување е поголем споредбено со претходните години, и ќе има учесници од повеќе градови од Истокот. Тој ќе биде од 9 до 11 октомври, ќе имаме секакви пчелни производи изложено, ќе имаме 11 изложувачи на мед и тројца изложувачи на опрема, од различни краеви од Источна Македонија. Пријавени се од Пробиштип, од Берово, од Кочани и Штип. Целта на овие саеми е да се афирмира природниот мед. Ние ќе се обидеме да ги едуцираме граѓаните за природниот мед, кои се бенифитите и дека природниот мед има вкус и мирис специфичен и дека се разликува од фабрикуваниот, вели Миловски.
Според пчеларот Драги Манев главен предизвик е фабрикуваниот мед кој се нуди по продавниците и се продава и декларира како оргинален.
-Предизвиците со кој се соочуваат пчеларите се најповеќе фабрикуваниот мед што се увезува во Македонија. Но, затоа и ние ги одржуваме овие саеми, за да покажеме на купувачите дека треба да користат мед од вистински пчелари, изјави Манев.
Пчеларите велат има посебни методи со кои може да се препознае оргиналниот мед. Додаваат дека граѓаните треба да имаат матичен пчелар идентично, како што имаат матичен лекар. На саемот за мед во Штип медот ќе се продава по цена од 500 денари. вдј/ац/
Фото: МИА