• понеделник, 23 декември 2024

ТППЕ – Виница доби интервентно возило како донација од Доброволното противпожарно здружение „Сава“ од Словенија

ТППЕ – Виница доби интервентно возило како донација од Доброволното противпожарно здружение „Сава“ од Словенија
Виница, 25 октомври 2022 (МИА) – Територијалната противпожарна единица од Виница денеска го прошири возниот парк со уште едно интервентно возило, што го донираше Доброволното противпожарно друштво „Сава“ од општина Литија, Република Словенија. Се работи за современо опремено возило од марката мецедес со резервоар за вода со капацитет од 400 литри, две пумпи со витли, механизам со сајла за извлекување и други додатоци за брза интервенција, а може да превезува девет пожарникари. -Возилото беше повеќе од неопходно и приоритетно, ќе го користиме во урбани средини, но и за интревенции при пожари на отворен простор. Со оглед на неговите технички можности, тоа соодветно ќе одговори на задачите, со оглед што во Виница имаме неколку критични точки со тесни улички кои се тешко пристапни. Сега ќе бидеме многу помобилни и побрзо ќе стигнуваме и до другите населени места во општината, па и пошироко, во регионот, истакна Станко Спасов, командир на ТППЕ – Виница. На примопредавањето на возилото, претседателот на Доброволното противпожарно друштво од Литија, Игор Цивидини посака виничките пожарникари што помалку да го користат при пожари и други несреќи. -Сакаме вашите пожарникари возилото да го користат многу години, да стигнуваат што побрзо на интервенции и да имаат што помалку излегувања на терен со него. Тоа ќе им помогне да бидат поефикасни во првите моменти по пристигнувањето на местото на пожар или несреќи, истакна Цивидини. Заедно со возилото, словенечките пожарникари волонтери на своите колеги од Виница им донираа и униформи, обувки, заштитни шлемови, заштитни маски со боци за кислород и друга опрема за лична заштита при интеревенции. Градоначачникот на Виница, Миле Петков упати благодарност за донацијата од словенечките пожарникари, при што најави дека во тек се преговори за уште една донација од Словенија, со која треба да се обезбедат две навални возила, односно камион цистерни со поголем капацитет. та/сст/

Остани поврзан