Тошковски на промовирање на летната превентивна кампања „Вози одморен“
- На граничниот премин Богородица денеска напладне ќе биде промовирана летната превентивна кампања „Вози одморен“.
Скопје, 30 јуни 2025 (МИА) - На граничниот премин Богородица денеска напладне ќе биде промовирана летната превентивна кампања „Вози одморен“.
На настанот ќе учествува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Летната превентивна кампања „Вози одморен“ е во соработка на МВР со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.фф/хс/
Фото: МИА Архива