• понеделник, 23 декември 2024

Тошковски: Државата е во многу лоша состојба околу справувањето со пожари

Тошковски: Државата е во многу лоша состојба околу справувањето со пожари

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Државата во оние услови кои ги наследи од претходната власт е моментално во многу лоша состојба во однос на справувањето со пожари од аспект на технички услови, кадар, оперативно, системска поставеност, начин на брзо и соодветно реагирање, начин на откривање, истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

-Факт е дека државата во оние услови кои ги наследи од оние кои претходно ја менаџираа е моментално во многу лоша состојба од аспект на технички услови, кадар, оперативно, системска поставеност, начин на реагирање, брзо и соодветно, начин на откривање итн. Но, факт е дека даваме се од себеси. Факт е дека сме посветени максимално на ова, рече Тошковски.

Министерот соопшти дека човечки фактор најчесто ги предизвикува пожарите и оти оперативната акција „Пожар 2024“ за справување со пожарите е веќе отворена. Информриа дека се пронајдени, лоцирани и лишени од слобода во изминатиот период повеќе лица во врска со конкретни пожари.

Ministri i Punëve të Brendshme Pançe Toshkovski paralajmëroi se MPB-ja do të ndërmarrë masa të ashpra ndaj secilit person, i cili me qëllim ka shkaktuar zjarre dhe e ka rrezikuar sigurinë dhe

-Мислам дека сите информации јавно се споделени преку МВР. Жестоко реагираме на сите информации кои ги добиваме. Секако за сето тоа треба да се обезбедат соодветни докази. Пуштени се оперативни тимови на терен, сите началници на СВР се фокусирани на ова, гранична полиција е вклучена во рамки на оперативни обработки и теренско делување. Правиме се што можеме  да направиме за да ги лоцираме оние кои се директни виновници за предизвикување на пожарите, и соодветно да ги процесуираме пред органите на прогонот. Најчесто станува збор за човечки фактор којшто ги предизвикува пожарите. Жестоко ќе реагираме во иднина на секој оној којшто со докази ќе успееме да го процесуираме во законита постапка.

Во однос на обвинувањата на СДСМ и кои бараат негова смена во Управувачкиот тим поради несоодветно справување со пожарите, Тошковски рече дека тој досега три пати бил на терен да ги увиди пожарите.

-Не верувма дека претходно министер за внатрешни работи се занимавал со тие прашања. Не верувам дека претходно министер за внатрешни работи бил на терен така како што јас одам на терен, оти нели сум повикуван дека не сум одел на терен. Жално е кога еден министер за  внатрешни работи треба секогаш на оперативно ниво и на техничко ниво, микро да менаџира со сите оние проблеми кои ги тангираат граѓаните во една држава. Но нека не се секираат овој министер за внатрешн работи има доволно енергија и да биде присутен во рамки на пожарите, и  да биде присутен на билатерална средба, и да биде со полицајците, и да биде со оние кои се  на обука во рамки на полицијата и да биде сегде таму каде што е потребно. Ќе дадеме се од себе, рече тој.

Тошковски информира дека е активиран повторно ЕУ механизмот и неколку земји доставуваат воздухопловни летала.

-Информиран сум дека треба да пристигнат во текот на денешниот ден, еден хеликоптер од Србија ќе пристигне во текот на вечерните часови. Мислам дека беше договорено да пристигне еден хеликоптер од Чешка, говориме за два канадери од Германија. Министерот за надворешни работи има разговарано и со неговите колеги од Турција, Унгарија, Австрија. Правиме се што можеме, ќе сториме се што можеме во насока максимално да се екипираме и одговориме соодветно на сите овие кризни состојби кои се факт дека се реалност во Македонија. Народот го гледа тоа и народот гледа дека Македонија е во една катастрофална состојба што е исто така факт. Но, притоа срам да им е на овие политички „добронамерници“ коишто обвинуваат дека некој друг е крив затоа што државата ја оставија на вакво дереџе да нема систем. Имаме недоволно екипирани пожарникари. Немам доволно возила, немаме гориво. Донесовме одлука за да се обезбеди гориво на ЈП „Национални шуми“ заради тоа што го оставиле претпријатието четири месеци без плата за вработените и без никаква соодветна опрема, нагласи министерот Тошковски. фф/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан