• вторник, 14 април 2026

Кузеска: СДСМ бара истрага зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери на НБРМ

Кузеска: СДСМ бара истрага зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери на НБРМ

Скопје, 23 март 2026 (МИА) - Скандалот со блокираниот изборот на вицегувернери во Народната банка отвора сериозни прашања за работењето на Трајко Славески и за состојбите во оваа клучна институција, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. 

Зошто се кочи изборот на вицегувернери? Дали Трајко Славески намерно ја блокира постапката?

Мандатот на двете вицегувернерки е истечен уште од лани, изборот е законски регулиран со прецизни рокови кои се истечени а се уште нема избор.

Прекршен е член 55 став 1 од Законот за Народна банка и рокот од 22 декември 2025 година е изминат.

Ова доцнење отвора и дополнителна дилема:

Дали одлуките на Советот на Народната банка во вакви услови се целосно легитимни и функционални?

Кога клучни позиции не се пополнети, се доведува во прашање фукционирањето на Народната банка.

Трајко Славески има директна одговорност за оваа состојба.

Ова не е првпат Славески да носи политики на штета на граѓаните.

Да потсетиме:

Славески беше против зголемување на минималната плата, директно спротивставувајќи се на интересите на работниците

Како претседавач на Советот на Град Скопје во изминатите четири години, беше дел од хаосот во главниот град – нефункционалност, застој на проекти и целосен институционален распад.

Истиот тој човек денес управува со Народната банка.

Дали ова доцнење е резултат на неспособност или на свесно партиско калкулирање?

Народна банка е место за професионалци а не за партиски кадри на Славевски.

СДСМ бара, итна истрага за причините.  Финансиската стабилност не смее да биде жртва на политички игри и на неспособноста на Славески.

Фото: СДСМ

Остани поврзан