• среда, 15 јануари 2025

Тошковски во посета на пунктот за лични документи „Пролет“

Тошковски во посета на пунктот за лични документи „Пролет“

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе го посети пунктот за промена на лични документи „Пролет“ во Скопје.

По посетата најавена е изјава на министерот Тошковски. 

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола и во законскиот рок од 15 дена.

- Нередот којшто беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола и сега во рамки на законските 15 дена граѓаните можат да ги добијат патните исправи и другите лични документи. Од информациите што ги добивам од МВР некаде околу 1.740 патни исправи се издадени, околу 1.440 лични карти и околу 750.000 возачки дозволи така што нема повеќе турканици, неред, понижување на македонските граѓани, рече Мицкоски. бак/мд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан