• среда, 15 мај 2024

Торонто ги загуби шансите за пласман во плејофот, екипата учествуваше на сите разигрувања од 2014 година

Торонто ги загуби шансите за пласман во плејофот, екипата учествуваше на сите разигрувања од 2014 година
Торонто, 11 мај 2021 (МИА) - Победата на Индијана против Кливленд од 111:102 му ја одзеде последната шанса на Торонто репторс за пласман во плејофот на НБА-лигата оваа сезона. Шампионите од 2019 година беа учесници во разигрувањето за трофејот седум последователни години (2014-2020). Само Портланд може да се пофали со ваква серија, која исто така трае од 2014 година. Репторси се на 12. место во Источната конференција со резултат 27-41 (победи-порази). Тимот на Ник Нурс веќе нема ниту теоретски шанси да може да се искачи над 11. место и да игра во плеј-ин. зс/

Остани поврзан