Тони угинати риби покрај река во Бразил
- Резултатите од истрагата укажуваат на „непрописно испуштање отпадна вода“ од фабриката „Естива Сао Хозе“ во Рио дас Педрас, а загадената вода потоа стигнала до главниот тек на реката

Сао Паоло, 18 јyли 2024 (МИА) - Повеќе тони угинати риби се најдени покрај реката Пирачикаба во бразилската сојузна држава Сао Паоло, откако околната фабрика за шеќер и етанол пуштила индустриски отпад во водите, соопштија тамошни еколошки активисти и Обвинителството.
Според анализaтa на Обвинителството, се проценува дека меѓу 10 и 20 тони риба угинале во реката. А, првичните резултати од истрагата укажуваат на „непрописно испуштање отпадна вода“ од фабриката „Естива Сао Хозе“ во Рио дас Педрас, а загадената вода потоа стигнала до главниот тек на реката, се додава во соопштението.
Обвинителството соопшти и дека побарало целосен извештај за состојбата на реката и ќе чека дополнителни технички информации пред да преземе натамошни чекори во кривичното гонење. си/
Фото: Фрипик