• сабота, 21 декември 2024

Тони Надал: Рафаел не размислува да го напушти тенисот, му требаат уште 3-4 недели за закрепнување

Тони Надал: Рафаел не размислува да го напушти тенисот, му требаат уште 3-4 недели за закрепнување

Мадрид, 7 февруари 2023 (МИА) – Вујкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, Тони Надал, проговори за кариерата на шпанскиот тенисер и неговото ривалство со Србинот Новак Ѓоковиќ.

-Рафаел се уште е во добра форма и ќе ја продолжи кариерата се додека е во вистинската состојба. А сега му требаат уште три до четири недели да одмори и да закрепне од повредата на бутен мускул. Ќе биде тешко да се заврши пред Ѓоковиќ по бројот на грен слем титули бидејќи Новак е посвеж. Рафаел има шанса на Ролан Гарос, па ќе видиме. Вака или онака, борбата против толку голем шампион, а тоа е Ѓоковиќ, ќе биде тешка, ги цитира „Марка“ зборовите на Тони Надал.

Рафаел го освои Ролан Гарос 14 пати, УС Опен четири пати, Вимблдон двапати и Австралија Опен два пати. зс/

Остани поврзан