• четврток, 29 февруари 2024

Томовски: Пакетот на мерки на владата е поткуп пред избори со кои го потценуваат народот

Томовски: Пакетот на мерки на владата е поткуп пред избори со кои го потценуваат народот

29 ноември 2023

Пакет на мерки кои спреми Владата на Ковачевски и Ахмети не е ништо друго туку пакет за евтин предизборен поткуп кој доаѓа на само неколку месеци пред двојните парламентарни и претседателски избори. Овој пакет на мерки не е за системска помош на најранливите категории граѓани, туку за очигледен евтин поткуп на гласови. Со овој пакет на мерки не се носат системски мерки кои значително ќе ја подобрат положбата на пензионерите, социјално загрозените и семејствата со ниски примања туку се врши еднократен поткуп на гласови, со пари кои оваа Влада ги задолжува сите граѓани. Го зголемија долгот за да поткупуваат гласови. 

Со овој пакет на мерки Владата и официјално признава дека владее огромна сиромаштија, дека пензионерите и голем број на семејства се доведени до работ на егзистенција. Суштината и главната поента е што Владата троши 2 милијарди евра за градба на коридори преку фирми на ДУИ и СДС, троши тешки милиони евра за копање во РЕК Битола и компаниите и бизнисите на власта работат одлично, а ваму, за народот даваат по 500 и 1.000 денари за да помогнат. Тој поткуп кој оваа власт го вика помош од 500 и 1.000 денари не вредат ништо кога инфлацијата е двоцифрена, кога сите производи за мала потрошувачка по продавниците вртоглаво растат, кога храната е поскапена за 200% и затоа оваа власт го потценува народот со овој поткуп. 

Милиони за тендери и полнење на џебовите на власта, 1000-ка и 500 денари за народот. Во земјава на крајот на годината ќе има околу 600.000 луѓе кои живеат во сиромаштија, што е секој трет човек, со само 60 денари на ден преживуваат 80.000 граѓани, а со 150 денари 600.000 граѓани и на крај една порака до сите граѓани, земете ги парите кои ги нудат, и добро знаете што треба да направите зад параванот за гласање на денот на избори.

Важно е оваа неспособна и криминална власт да се промени.

Изјава за медиуми на Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан