• сабота, 11 мај 2024

Томиќ го предизвика Кирјос на тениски дуел, Кирјос одби

Томиќ го предизвика Кирјос на тениски дуел, Кирјос одби
Мелбурн, 27 мај 2022 (МИА) – Австралискиот тенисер Бернард Томиќ (29) му понуди на својот поранешен пријател и сонародник Ник Кирјос(27) шанса меѓусебните несогласувања да ги решат на теренот во дуел за два милиона долари, но Кирјос ја одби понудата. - Јас ќе вложам еден милион долари и тој нека вложи милион, па да видиме кој е подобар. Победникот зема сè, изјави Томиќ, нудејќи му на Кирјос предизвик и во други спортови. - Тврдиш дека си добар во кошарка, и во тоа ќе те победам. Знаеш што? Можеме тоа да го решиме и во боксерски ринг. Стави ракавици да видиме кој е подобар еднаш засекогаш, порача Томиќ, кој некогаш беше рангиран на 17. место на АТП листата, а сега е на 418. место. Кирјос, 76. тенисер на АТП листата, ја одби понудата. - Јасно ми е дека во моментов си на ниво на фјучерс и челинџер, но ако сакаш да играш врати се во спортскиот врв. Јас сум тука. Те чекам и доколку си подготвен да играш тенис на пристојно ниво, тоа и ќе го покажеш. Нема потреба да играме преку медиумите, изјави Кирјос. ег/паг/

Остани поврзан