• петок, 22 ноември 2024

Товарен брод во грчка сопственост нападнат во Црвеното море

Товарен брод во грчка сопственост нападнат во Црвеното море

Атина, 12 февруари 2024 (МИА) – Товарен транспортен брод во грчка сопственост што плови под знамето на Маршалските Острови бил мета на напад со два проектила во Црвеното море, без при тоа да биде повреден екипажот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, британска приватна компанија за поморска безбедност Амбри соопштила дека проектилите завршиле во морето, „екипажот е неповреден“, а бродот „се упатува кон пристаништето кое е негова следна станица“.

Нападот се случил додека транспортниот брод пловел во близина на Јемен. ср/паг/

Остани поврзан