Тирана утре домаќин на Самитот за план за раст „Нашиот пат кон ЕУ“
- Тирана утре ќе биде домаќин на Самитот за план за раст „Нашиот пат кон ЕУ“ на кој лидерите од Западен Балкан и комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, ќе разговараат за планот за раст, економската интеграција и регионалната трансформација кон единствениот пазар на ЕУ.
Тирана, 20 ноември 2025 (МИА) – Тирана утре ќе биде домаќин на Самитот за план за раст „Нашиот пат кон ЕУ“ на кој лидерите од Западен Балкан и комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, ќе разговараат за планот за раст, економската интеграција и регионалната трансформација кон единствениот пазар на ЕУ.
- Самитот ќе се одржи во Палатата на Бригадите во Тирана, ќе започне во 09:30 часот и ќе заврши околу 12:00 часот. Премиерот Еди Рама и еврокомесарката Кос, ќе го одржат воведниот говор на Самитот, а предвидено е да одржат и заедничка прес-конференција, објавија медиумите.
Овој самит има за цел да ја зајакне економската и политичката соработка меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија, отворајќи го патот за понатамошна интеграција на регионот. вт/јт/