Тим-билдинг трка за компании „Business Run 2021“
- Тимови од македонскиот бизнис сектор ќе се натпреваруваат на штафетната трката за компании, „Business Run 2021“. Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу

Скопје, 25 септември 2021 (МИА) –Тимови од македонскиот бизнис сектор ќе се натпреваруваат на штафетната трката за компании, „Business Run 2021“. Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компани-ите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.
Трката ќе биде штафетна со четири измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2.000 метри.
Најбрзите три тимови на „Business Run 2021“ ќе бидат наградени со златна, сребрена и брон-зена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција.
Организатор на трката е здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.свс/са/