• понеделник, 09 март 2026

Во Битола ќе се гради спомен-обележје за депортираните Евреи во 1943 година

Во Битола ќе се гради спомен-обележје за депортираните Евреи во 1943 година

Битола, 16 февруари 2026 (МИА) - Општина Битола донесе одлука и ја прифати донацијата од Еврејската заедница во Република Македонија за изградба на спомен-обележје за депортираните битолски Евреи за време на Втората светска војна.

Според проектот, спомен-обележјето ќе биде подигнато на Еврејските гробишта во Битола, каде што ќе биде поставена плоча со имињата на депортираните Евреи од овој град.

Иницијативата на Еврејската заедница во Република Македонија за подигање спомен-обележје на Еврејските гробишта во Битола е во согласност со законот за меморијални споменици и спомен-обележја и во согласност со насоките од Управата за заштита на културното наследство. Целта на иницијативата е подигање спомен-облежје со трајна културна, историска и меморијална вредност во чест на сеќавање на битолската еврејска заедница и нејзините сограѓани, кои ги изгубија своите животи во холокаустот, како и зачувување на споменот на заедницата што дала значаен придонес во развојот на градот Битола.

Како што е познато, на 11 март 1943 година од Битола во логорот на смртта во Треблинка беа депортирани 3.276 битолски Евреи. мт/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан