• сабота, 17 мај 2025

Тејлор Свифт и Хју Џекмен како сведоци на судењето меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони

Тејлор Свифт и Хју Џекмен како сведоци на судењето меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони

Лос Анџелес, 24 април 2025 (МИА) - Американската поп-пејачка Тејлор Свифт и австралискиот глумец Хју Џекмен, многу веројатно, би можеле да сведочат на судењето меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони. Процесот почнува на 9 март следната 2026 година, пишува „Дејли мејл“.

Претходно беше објавено дека Лајвли ѝ се извинила на Свифт за тоа што и неа ја вмешале во судските спорови со Балдони. Во неговата тужба со отштета од 400 милиони долари, тој тврдеше дека глумицата ја искористила поп-ѕвездата и нејзина пријателка за дополнително да ја засили својата контрола врз снимањето на филмот „Ова завршува со нас“.

Инаку, песната на Тејлор - „My Tears Ricochet“ од албумот „Folklore“ беше искористена во официјалниот трејлер за филмот.

За потсетување, Лајвли прва поднесе тужба против Балдони, лани во декември - тврдејќи дека Балдони почнал „кампања за оцрнување“ против неа поради набојот меѓу нив на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“ и оти сексуално ја вознемирувал.

Балдони одговори со противтужба за клевета од 400 милиони долари против Лајвли, Рејнолдс и Њујорк Тајмс, кои објавија опширна статија за нејзините тврдења. И Свифт и Џекмен беа вмешани во оваа драма меѓу актерите, но сега наводно и официјално ќе бидат повикани да сведочат. Џекмен се нашол во целата приказна поради Рајан Рејнолдс, со кого глуми во филмот „Дедпул и Вулверин“. Балдони го обвинува Рејнолдс дека му се потсмева во филмот, па со оглед на неговата соработка со Џекмен, и Австралиецот е засегнат.  си/паг/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан