• недела, 22 декември 2024

Тејлор: Русија присилно депортирала до 1,6 милиони Украинци

Тејлор: Русија присилно депортирала до 1,6 милиони Украинци
Женева, 23 септември 2022 (МИА) - Американската претставничка во Советот на Обединетите нации (ОН) за човекови права, Мишел Тејлор денеска изјави дека Русија присилно депортирала меѓу 900.000 и 1,6 милиони Украинци. Таа се повика на неименувани извори. Тејлор ја повика надлежната Комисија на ОН да спроведе истрага во врска со овие наводи. - Ги повикуваме членовите на Комисијата да продолжат да го истражуваат сè поголемиот број докази за руските операции за присилно депортирање и исчезнување, нагласи Тејлор во обраќањето пред Советот на ОН за човекови права во Женева. бд/

Остани поврзан