• петок, 12 јули 2024

Тешко повредена сопатничка во сообраќајка

Тешко повредена сопатничка во сообраќајка

Тетово, 31 декември 2023 (МИА) - СВР Тетово информира дека вчера се случила сообраќајна незгода во која тешко е повредена 51-годишна жена.  Околу 21 часот и 35 минути имало судир на две возила на обиколницата за Тетово на автопатот од Скопје кон Гостивар.

-Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки „фолскфаген голф" управувано од А.С (27) од тетовско Ново Село и „опел корса", што го управувал Н.З.(51) од тетовско Боговиње. Во несреќата, сопатничаката од „корсата" И.З.(51) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница,  информираше портпаролот Марјан Јосифоски.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово. ас/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан