• недела, 19 мај 2024

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци-Росоман, три лица повредени

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци-Росоман, три лица повредени

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајната несреќа која утрово се случи на патот Кавадарци-Росоман.

Територијалната противпожарна единица на Кавадарци излезе на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило.

Двете повредени лица во сообраќајката се помлади, на околу 23 години, а едното повозрасно, информираат од ТППЕ Кавадарци.

Регионалниот пат Кавадарци-Росоман, од 07:00 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ.

Сообраќајката се случила на излез од село Манастирец. ир/дма/

 

Фото: ТППЕ Кавадарци

Остани поврзан