Тетовец пријавил измама од лажна универзитетска професорка
- Пријавителот во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3.400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па ѝ биле потребни за лекување.
Скопје, 27 јуни 2026 (МИА) - Тетовец во полиција пријавил измама од лажна универзитетска професорка.
Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека 67-годишниот тетовец пријави дека бил измамен од женско лице од село Неготино, полошко, која лажно се претставувала како универзитетска професорка.
- Пријавителот во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3.400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па ѝ биле потребни за лекување. Но, во меѓувреме дознал дека таа го измамила, по што случајот го пријавил во полиција - информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/дма/
Фото: МИА архива