• понеделник, 01 јули 2024

Терзиќ: Не сум задоволен од реализацијата, постигнавме само еден гол од седум шанси

Терзиќ: Не сум задоволен од реализацијата, постигнавме само еден гол од седум шанси

Дортмунд, 21 октомври 2023 (МИА) – Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ не е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешниот дуел со Вердер и покрај победата (1:0) во 8. коло на Бундеслигата.

- Заслужено победивме. Имаше многу позитиви, но имаше и неколку работи кои не ми се допаднаа. Периодот од 10. до 25. минута, кога немавме доволен интензитет. Посебно ќе ја истакнам слабата реализација. Постигнавме само еден гол од седум шанси. Можевме многу порано да го отвориме резултатот, како и да постигнеме втор гол, но не успеавме, изјави Терзиќ.

Во моментов Борусија Дортмунд е лидер во поредокот во Германското фудбалско првенство со 20 бода од осум натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан