• петок, 26 април 2024

Теренска кампања за информираност на земјоделците во полошкиот регион

Теренска кампања за информираност на земјоделците во полошкиот регион

Скопје, 23 март 2023 (МИА) - Тимови од Министерствотото за земјоделство, шумарство и водостопанство и од агенциите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за поттикнување на развојот на земјоделството и  за храна и ветеринарство заедно со вработените во подрачните единици, денеска во рамки на теренската кампања за подобра информираност на земјоделците, посетија неколку локации и одржаа средби со земјоделци и мали производители на храна од полошкиот регион.

Од почетокот на месецов постојано се одржуваат информативни средби, на кои детално се објаснуваат постапките за аплицирање на јавните повици кои се во тек, за грантови до 10.000 евра. Моментно се активни  три јавни повици за финансиска поддршкаЈавен повик за мали винарии, Јавен повик за мали производители на храна од животинско потекло и Јавен повик за мали производитрли на храна од неживотинско потекло. За да можат да аплицираат на повиците, малите производители треба да се евидентираат како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Според информациите на МЗШВ, интересот е голем, а најмногу прашања има околу чекорите за евиденција и потребната документација за јавните повици. Токму за таа цел, посочуваат од Министерството, интензиво тече теренска кампања на повеќе тимови, со крајна цел да се одржат над 500 состаноци со земјоделци низ сите региони. Информациите се споделуваат и на веб страната на Министерството и на социјалните медиуми, што е многу важно за да допреме до секој земјоделец.

Во Гостивар се одржа централен настан во заедничка органзиација со ИМЕ и Швајцарската амбасада, на кој присуствуваа земјоделци и мали производители на храна од регионот, како и претставници на здруженијата Национална  федерација на фармери, Алијанса Премиум и Слоу Фуд Македонија.

Карванот, информира МЗШВ, продолжи со посета на компаниите Монтенегро-Гостивар и месна преработувачка индустрија Карнем во село Зубовце, Општина Врапшичте, кои се корисници на ИПАРД програмата. Се остварија и средби со жени земјоделки и мали производители во село Тумчевиште и село Сараќино. Во село Лешок, остварена е средба со земјоделците од селото, на која присуствуваше и Иснириза Хелили поглавар на полошкиот регион.

Освен средбите со земјоделци, таргет група на денешниот карван беа и учениците средношколци од земјоделската и ветеринарсната струка од Регионалниот центар за стручно образование и наука „Моша Пјаде“ – Тетово. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски имаше средба со средношколци од 3 и 4 година на земјоделска и ветеринарна струка и ги информираше дека своето образование можат да го продолжат на некој од земјоделските или ветеринарнни факултети, со стипендија од 18.000 денари.

На крајот од  теренска активност, одржана е средба со вработените од подрачните единици на МЗШВ, АПРЗ и АХВ со цел подобра информираност за текот на редовните работни активности и интересот кај земјоделците за аплицирање на активните повици за грантови до 10.000 евра.лв/мд/

 

 

Остани поврзан