• понеделник, 23 декември 2024

Тепање деца е кривично дело во Велс

Тепање деца е кривично дело во Велс
Кардиф, 21 март 2022 (МИА) - Од денеска, во Велс родители може кривично да одговараат доколку го удрат своето дете и според властите законските обврски се со цел да им се даде на најмладите „најдобар почеток во животот“. Првиот министер Марк Дрејкфорд изјави дека ова е историски ден за децата, бидејќи Велс стануваат втори во Велика Британија што забрануваат физичко казнување, јави Би-Би-Си. Според критичари, новиот закон е истуркан „од оние кои сметаат дека знаат подобро од родителите“. Џерси беше првиот дел на Британските Острови што го забрани удирањето деца во април 2020 година, пред Шкотска да стане првата нација во Велика Британија што го направи нелегално во ноември 2020 година. Шведска стана првата земја во светот што ја забрани физичката казна за деца во 1979 година. Сега, ова е нелегално во 63 нации ширум светот, јави Би-Би-Си. бд/зш/  

Остани поврзан