• среда, 15 мај 2024

Тен Хаг за Саутгејт во Манчестер јунајтед: Секогаш ќе има гласини во овој клуб, секогаш ќе има проблеми

Тен Хаг за Саутгејт во Манчестер јунајтед: Секогаш ќе има гласини во овој клуб, секогаш ќе има проблеми

Манчестер, 30 март 2024 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг рече дека не обрнува внимание на гласините околу негова смена.

Холандскиот стручњак одговори на прашање за можното доаѓање во клубот на Герет Саутгејт, кој е на чело на репрезентацијата на Англија.

- Кога работите во Манчестер јунајтед, секогаш ќе има врева и гласини околу клубот, тимот, тренерот, играчите. Секогаш ќе има проблеми. Медиумите сакаат да шпекулираат, а ние секако имаме различни интереси, но не се фокусираме на тоа. Фокусирани сме на процесот да го натераме тимот да игра подобро, да го подобриме начинот на кој играме. Така што гласините не ми пречат, изјави Ерик тен Хаг.

Во моментов Манчестер јунајтед е на шестата позиција во поредокот во Премиер лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан