• петок, 05 декември 2025

Телохранителот на Меси доби забрана за излегување на теренот за време на натпреварите во МЛС

Телохранителот на Меси доби забрана за излегување на теренот за време на натпреварите во МЛС

Мајами, 1 април 2025 (МИА) - Раководството на МЛС лигата му забрани на Јасин Чеуко - телохранителот на напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, да трча на теренот за време на натпреварите.

Оваа забрана е мотивирана од тоа што на секој стадион има обезбедување и нема потреба од дополнителна помош. 

Претходно, телохранителот на Меси постојано интервенираше во ситуации кога навивачите трчаа на теренот за да се фотографираат со фудбалерот.

Меси игра за Интер Мајами од 2023. Сезонава 37-годишниот Аргентинец настапи на шест натпревари на тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и две асистенции.

Меси е осумкратен освојувач на Златната топка, четирикратен освојувач на Лигата на шампионите, светски шампион, а исто така и олимписки победник. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан