• четврток, 26 декември 2024

Телефонски разговор Шолц - Трамп

Телефонски разговор Шолц - Трамп

Берлин, 11 ноември 2024 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера телефонски разговараше со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за билатералните односи и геополитичката ситуација.

- Сојузниот канцелар Олаф Шолц телефонски разговараше со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и уште еднаш лично му ја честиташе победата на изборите. Разговараа за германско-американските односи и актуелните геополитички предизвици, изјави владиниот портпарол Стефен Гебешрајт.

Тој додаде дека Шолц изразил подготвеност сојузната Влада да ја продолжи успешната соработка помеѓу двете земји „која трае со децении“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан