• вторник, 02 јули 2024

Телеком Нец 2, Вардар и Прилеп есенски прваци во пингпонгарските лиги

Телеком Нец 2, Вардар и Прилеп есенски прваци во пингпонгарските лиги

Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) – Пингпонгарите на ППК Телеком Нец 2 се есенски прваци во Суперлигата, додека Вардар и Прилеп ја завршија есенската полусезона на лидерските позиции во Првата и Втората лига во машка конкуренција.

Во Суперлигата, скопски Телеком Нец 2 ја обезбеди есенската титула со осум победи и едно реми и 17 бодови, идентично колку што освои и второпласираниот ППК Младост 96 од Прилеп.

Со две победи во завршните две есенски кола, пингпонгарите на ППК Вардар го задржаа водечкото место во Првата лига, пред битолска ППК Пелагонија и Телеком Нец од Скопје на третото место, додека во второлигашката конкуренција, ППК Прилеп е есенски првак со максимални пет победи, пред скопски ППК Студент и ППК Пелистер од Битола.

Резултати од завршните есенски кола одиграни изминатиот викенд:

Втора лига – мажи

Студент – Хепи 4:2

Студент – Саса 4:0

Патриоти – Хепи 2:4

Патриоти – Саса 2:4

Прва лига мажи

Резултати – 8 коло

Астраион – Радовиш 4:2

Вардар – Борец Тим 4:0

Дебар Маало – Телеком Нец 2:4

Кратово – Берово 2 1:4

Шуто Оризари – Пелагонија 0:4 (службена)

Резултати – 9 коло

Берово 2 – Дебар Маало 4:2

Борец Тим – Астраион 0:4

Пелагонија – Вардар 0:4

Радовиш – Кратово 4:1

Телеком Нец – Шуто Оризари 4:1

Супер лига

Резултати – 8 коло

Берово-Шампион ФА. 2-4

Кр. Паланка 2007-Кочани 4-2

Работнички-Младост96. 1-4

Кр.Паланка-Телеком Нец2 1-4

Рисови-Младост 0:4 (службена)

Резултати 9-то коло

Младост96-Кт.Паланка2007 4-1

Кочани Кр. Паланка 2-4

Младост-Работнички. 4-3

Телеком Нец2-Берово. 4-1

Шампиони ФА – Рисови (одложена). ег/бак/

Остани поврзан